3.8 C
Skopje

Манчестер Сити казнет со одземање на 3 бода!?

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска “бомба” пристигнува од Англија вечерва, каде што на социјалните мрежи се појави ексклузивна информација која, доколку се покаже како точна, може целосно да го смени текот на претстојната сезона во Премиер лигата.

Според информацијата која кружи, а потекнува од изворот “@bt3”, донесена е одлука за казната на Манчестер Сити во врска со 115-те обвиненија за кршење на финансиските правила.

Во објавата се тврди дека на актуелниот англиски шампион ќе му бидат одземени три бода на самиот почеток на новата сезона 2025/2026, а покрај тоа, клубот ќе добие и огромна парична казна.

Оваа информација доаѓа како гром од ведро небо, со оглед на тоа што целиот случај сè уште се води во тајност и се очекуваше конечната одлука да биде донесена подоцна во текот на годината.

Засега, овие информации остануваат на ниво на гласини и допрва треба да бидат потврдени од официјални извори како Премиер лигата или самиот клуб.

Сепак, доколку се точни, тоа ќе значи дека Манчестер Сити ќе го започне походот на титулата со негативни бодови, што е преседан во поновата историја на англискиот фудбал.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено