„Брате, мораш да дојдеш“: Како Колашинац го убедил Џеко да потпише за Шалке

 

Објавено:

Гелзенкирхен е на нозе! Лидерот во Втората Бундеслига го повлече потегот на зимата. Легендарниот босански напаѓач, Един Џеко (39), потпиша договор со Шалке 04 до крајот на сезоната со една единствена цел, да го врати гигантот во елитата!

Она што се шушкаше последните денови, денеска доби официјална потврда. По епизодата во Фиорентина, „Босанскиот дијамант“ се враќа во земјата каде што стана ѕвезда, но овој пат ќе го носи дресот на „Рударите“ и бројот 10 на грбот.

„Ми рекоа дека сум луд, но јас сакав само во Шалке“

Џеко, кој во март ќе наполни 40 години, на прес-конференцијата ги воодушеви навивачите со својата искреност и речиси перфектен германски јазик.

„Некои ми рекоа дека сум луд што одам во втора лига, но јас дефинитивно не сум луд. Имав и други опции, но од самиот почеток сакав само тука. Никој не мораше да ме убедува, јас бев тој што го воспостави првиот контакт,“ изјави Џеко.

Факторот „Сеад Колашинац“

Клучна улога во трансферот одиграл неговиот голем пријател и поранешен играч на Шалке, Сеад Колашинац, како и актуелниот дефанзивец на тимот, Никола Катиќ.

„Сео ми рече: ’Брате, мораш да го направиш ова!‘. Тој едноставно го сака овој клуб. Ми кажа дека веќе нарачал дрес од фан-шопот,“ низ смеа откри новиот напаѓач на Шалке.

Искуство за титула

Шалке 04 моментално е лидер во Цвајта (2. Бундеслига) со 38 бода по 18 кола, и е на одличен пат кон Бундеслигата. Спортскиот директор Јури Мулдер истакна дека искуството на Џеко ќе биде пресудно во преостанатите 16 натпревари.

Иако е во поодминати фудбалски години, Џеко доаѓа физички подготвен и најави дека може да дебитира уште овој викенд против Кајзерслаутерн, доколку тренерот Мирон Муслиќ одлучи така.

Кариера за почит: Волфсбург (Шампион 2009), Манчестер Сити (2x Шампион), Рома, Интер, Фенербахче, Фиорентина… и сега Шалке 04.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено