14.8 C
Skopje

Бразилските клубови со непобедена доминација на стартот на СП

Објавено:

Ако нешто ни покажа ФИФА Светското клупско првенство, тоа е дека бразилските медиуми пред стартот на овој турнир имаа право кога велеа дека нивните клубови ќе го гледаат ова натпреварување како можност да докажат дека играчите од светска класа не доаѓаат само од европските клубови.

А, Бразилските клубови и тоа како се ставија на висина на задачата на самиот старт од Светското клупско првенство. Од досега изиграни 7 натпревари, Бразилците немаат ниту еден пораз. Моменталниот скор на “Кариоките” е 5 победи и два нерешени натпревари.

Ова се резултатите на Бразилците на ФИФА Светското клупско првенство во првите 7 натпревари:

⚫️⚪️ Ботафого 2-1 Сиетл
⚫️⚪️ Ботафого 1-0 ПСЖ
🟢⚪️ Палмеирас 0-0 Порто
🟢⚪️ Палмеирас 2-0 Ал Ахли
🔴⚫️ Фламенго 2-0 Есперанс
🔴⚫️ Фламенго 3-1 Челси
🔵⚪ Флуминенсе 0-0 Дортмунд

Светската публика после ова првенство секако дека ќе се заинтересира за клубовите кои влечат историски корени, како на пример Флуминенсе кој е основан дури во 1902 година и се смета за лулката на бразилскиот фудбал. А, секако и за играчите кои покажаа вистинска класа во борбите со своите колеги од другите континенти.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено