Манчестер Јунајтед го освои Премиерлигашкиот летен серијал во САД, но капитенот Бруно Фернандеш не е целосно задоволен. По ремито од 2-2 со Евертон, Португалецот отворено кажа: “Изгледавме мрзливо” и упати јасен повик до раководството за нови засилувања пред крајот на преодниот рок.
“Турнејата во САД беше позитивна, се создаваше хемија меѓу играчите. Но, денес бевме мрзливи и тоа мора да се смени”, изјави Фернандеш за “Sky Sports”.
Фернандеш не обвини конкретни играчи, но не ја криеше загриженоста за недостатокот на конкуренција во тимот.

“Не сакам да напаѓам никого, но очигледно ни требаше повеќе квалитет, повеќе борба за првите единаесет. Се надевам дека клубот ќе донесе уште еден или двајца играчи”, додаде капитенот.
Во текот на летото, Јунајтед веќе донесе тројца фудбалери: Матеус Куња од Вулвс, Брајан Мбеумо од Брентфорд и левиот бек Диего Леон од Серо Портено. Но, според “The Athletic”, приоритет за клубот останува словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко. Јунајтед го следи 22-годишникот подолго време, но конкуренција има и од Њукасл, кој понуди 80 милиони евра, што беа недоволно за РБ Лајпциг.
Тренерот Рубен Аморим, кој беше ангажиран летово, останува отворен за нови засилувања: “Секогаш бараме начини да го подобриме тимот, но тоа зависи од пазарот и од продажбите”, рече тој.
Манчестер Јунајтед ги победи Вест Хем (2-1) и Борнмут (4-1) во претходните натпревари, а сезоната во Премиер лигата ја отвораат на 17 август против Арсенал.




