6.8 C
Skopje

Бруно Петковиќ го напушта Динамо, се сели во Ла Лига!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информациите кои ги објави хрватскиот медиум Germanijak, Бруно Петковиќ е на чекор до голем трансфер во шпанската Ла Лига. Напаѓачот на Динамо Загреб и хрватската репрезентација е пред потпис со екипата на Алавес, каде што треба да пристигне како слободен играч.

Бруно Петковиќ е енигма за противничките одбрани. Иако со својата висина и сила наликува на класичен центарфор, неговиот арсенал е полн со технички мајстории. Најдобар доказ за тоа е неговиот гол на кариерата – легендарните „ножички“, потег што најдобро покажува дека тој не е обичен напаѓач.

Оваа техничка префинетост, заедно со неговите дрско изведени пенали, го прават еден од најнепредвидливите и најатрактивните играчи на Балканот.

29-годишниот напаѓач е подготвен за нов предизвик во кариерата. Тој се сели во Алавес, третиот најпопуларен клуб во Баскија, зад Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, тим кој минатата сезона ја заврши на 14. место во Ла Лига. Останува да се види како Петковиќ ќе се вклопи во цврстиот стил на игра на шпанскиот клуб доколку трансферот се реализира.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено