Дали се подготвува вистински земјотрес во македонскиот фудбал? Ако им се верува на секогаш добро информираните извори од реномираниот тим на „Скок“ (Тим Дургутов, легендарниот Мијалче Дургутов и Наташа Петровска Дургутов), ни претстои жешка зима на релација ФФМ – ФК Вардар.
Во најновата епизода на нивниот подкаст, тимот на „Скок“ сподели шпекулации кои се шират низ фудбалската чаршија, а кои, доколку се остварат, ќе донесат тектонски промени.
Седлоски на местото на Милевски?
Гласините велат дека актуелниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски, е најсериозниот кандидат за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација, на местото на Благоја Милевски.
Но, тоа не е сè. Вистинската „бомба“ доаѓа во пакет.
„Пурамен“ си оди од Вардар заедно со Седло?
Според информациите на тимот на „Скок“, можно е заедно со Седлоски, од Вардар да си замине и извршниот директор, Миленко Неделковски (познат како „Пурамен“, бидејќи е голем љубител на увозни пури).

„Ако кажеме дека заедно со него од Вардар ќе си отиде и извршниот директор Миленко Неделковски, е тоа е веќе нешто за коешто не можеме да останеме рамнодушни“, коментираат од „Скок“.
Илчо Ѓоргиевски нов тренер на Вардар?
Ако Седлоски стане селектор, кој ќе го води Вардар кон титулата? Чаршијата веќе има име – Илчо Ѓоргиевски, поранешниот претседател на ФФМ.
Дали ова се само шпекулации или чаршијата повторно знае нешто пред сите? Останува да видиме. Едно е сигурно – тимот на „Скок“ повторно ја разбранува јавноста со своите информации.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



