Од идната година ќе гледаме нов тим во Формула 1, а на веќе постоечките 10 тимови, на гридот ќе им се приклучи Кадилак.
Откако беше официјално потврдено дека на тимот му е одобрен влезот во Формула 1 од наредната сезона, започнаа со шпекулациите кои шофери ќе ги зафатат новоотворените места.
Борбата за влез во највисокото ниво на Формула трките е немилосредна, па често гледаме промени доколку возачите не ги остварат посакуваните резултати. Едно такво заминување од Ф1, можеби и најконтраверзно, беше заминувањето на Серхио Перез од тимот на Ред Бул, после една сезона со незадоволителни резултати.
New era. Fresh look. @TommyHilfiger x Cadillac Formula 1® Team pic.twitter.com/GGcMh8WdFs
— Cadillac Formula 1 Team (@Cadillac_F1) June 4, 2025
Популарниот Мексиканец Чеко тогаш беше поддржан од влијателни спонзори, но сепак тимот на Ред Бул се реши да го отстани од тимот и покрај важечкиот договор. На неговото место дојде младиот дебитант Лијам Лосон, кој беше сменет после само две трки. Оттогаш во вториот болид на Ред Бул вози Јуки Цунода, но бидејќи ни тој не се снајде најдобро, започнаа гласините дека Чеко бил неправедно избркан, бидејќи едноставно тој болид е невозможен за било кој друг шофер што не се вика Макс Верстапен.
А, дури и Макс Верстапен оваа сезона нема добри резултати, иако пробува да го извлече максимумот од болидот кој очигледно потфрла на многу нивоа во своите перформанси.
Сега, името на неговиот поранешен тимски возач, Серхио Перез, сè почесто се јавува низ медиумите како шофер на новиот тим на Кадилак. Според гласините тие веќе потпишале договор на огромна сума, а спонзорот на Чеко, милијардерот Карлос Слим, е вклучен во склучувањето на договорот.
Според извори кои тврдат дека договорот е веќе склучен, Чеко ќе биде официјално најавен како шофер на тимот после трката во Унгарија. За второто место најчесто споменувани имиња се исто така на две познати лица, Ботас и Шумахер, а кој ќе седне зад новите болиди, ќе дознаеме наскоро.




