Челси продолжува агресивно да инвестира во иднината. Според информации на “The Athletic”, лондонскиот клуб е на чекор до договор со Ајакс за трансферот на Џорел Хато, 19-годишниот дефанзивец кој важи за еден од најголемите таленти на холандскиот фудбал.
Двете страни се уште немаат финализирано договор, но преговорите се во завршна фаза, при што се очекува цената да надмине 40 милиони евра. Личните услови со играчот се веќе договорени, па тој е расположен за преселбата.
Хато веќе има 111 настапи за Ајакс, а оваа сезона беше капитен на тимот и играше и како лев бек и како централен дефанзивец. За холандската сениорска репрезентација има шест настапи, па и покрај младоста, веќе е препознатлив лидер на теренот.
Jorrel Hato.
Johan Cruyff Talent of the Year 2024/2025.#ForTheFuture pic.twitter.com/recfc3QZ9U— AFC Ajax (@AFCAjax) May 26, 2025
Интерес за Хато претходните години покажа и Арсенал, но тој минатото лето потпиша нов петгодишен договор со Ајакс. Сепак, сега Челси е клубот што е најблиску до неговото ангажирање.
Ова би било уште едно во низа летни засилувања за “сините”, кои веќе ги доведоа Лијам Делап, Жоао Педро и Џејми Гитенс, како и неколку млади таленти на основа на претходни договори, како Естевaо, Дарио Есуго, Мамаду Сар и Кендри Паез. Од друга страна, клубот го напуштија Кепа Аризабалага, Нони Мадуеке и Ѓорѓе Петровиќ.



