Челси во напредни преговори за Алехандро Гарначо

 

Објавено:

Според пишувањето на поголемиот дел од спортските новинари за трансфери, Алехандро Гарначо најверојатно ќе успее ова лето да се пресели во Челси.

“Сините” веќе влегле во напредни преговори со Манчестер Јунајтед, а веќе се разговара за деталите на договорот и цената на трансферот, откако претходно Гарначо и самиот изјавил дека “или ќе оди во Челси, или не оди никаде”.

Во јавноста се зборува дека трансферот би бил меѓу 30 и 50 милиони фунти, а уште пред летната пауза, играчот веќе беше извесно дека ќе си замине од Јунајтед, откако односите со клубот беа нарушени, а неодамна тој беше изоставен од турата во САД.

Дали и колку место ќе има за Алехандро Гарначо во тимот на Енцо Мареска, останува да видиме, но фудбалерот бил подготвен да започне и на клупата на Челси, само за да се приклучи на клубот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено