Македонскиот шампион ФК Вардар интензивно се подготвува за враќањето во европската елита. Избраниците на стручниот штаб испратија одлична порака од подготовките во Италија, додека раководството на клубот официјално ги пушти во продажба билетите за првиот предизвик во Лигата на шампионите.
Убедлив старт на подготовките во Норчија
Во рамките на летните подготовки кои се одвиваат во италијанскиот град Норчија, Вардар одигра одличен прв контролен натпревар и славеше со убедливи 4-1 против екипата на Селецине Сполето Валнерина (Selezione Spoleto Valnerina).
Стрелци на головите за македонскиот првак беа Давид Бабунски, Горан Закариќ, Азер Омерагиќ и Јоакин Торрес.
„Црвено-црните“ го започнаа мечот во следниот силен состав: Талески, Јанкулов, Матиќ, Велковски, Пулиео Лукас, Бабунски, Босанчиќ, Торрес, Закариќ, Родригез и Омерагиќ. Во второто полувреме шанса добија и останатите првотимци од клупата, со што стручниот штаб доби јасна слика за формата на тимот пред клучните предизвици.
Картите се во продажба: Сите на стадион за Лигата на шампионите!
И додека тимот се воигрува и ја подигнува формата во Италија, во Скопје веќе започнува мобилизацијата. Клубот ги повика сите навивачи да го наполнат стадионот за првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против финскиот шампион КуПС Куопио (повеќе за противникот прочитајте во нашата детална скаут-анализа).
Овој исклучително важен натпревар е закажан за 7 јули со почеток во 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Билетите се веќе пуштени во продажба по симболична цена од 200 денари. Истите може да се набават брзо и едноставно онлајн преку продажната мрежа на MKTickets на следниот линк, Купи Билет – МК Тикетс.
За оние кои претпочитаат физички билети, картите ќе бидат достапни за купување и на билетарниците пред стадионот на самиот ден на натпреварот. Време е за европски Вардар!



