Енцо Мареска потврди дека “чудото од дете”, Кендри Паез, ќе пристигне на Светското клупско првенство во обид да се помине групната фаза и Челси да се пласира во наредната фаза.
Еквадорецот кој конечно се приклучи на тимот, две години после потпишувањето на договорот, ќе може да заигра за тимот откако го прослави својот 18 роденден во мај.
Инаку, Еквадорскиот тинејџер Кендри Паез стана најмладиот фудбалер во историјата кој постигнал гол во мундијалските квалификации во јужноамериканската зона. Тој веќе има неколку настапи за својата репрезентација, а во Челси пристигна од Индепендиенте дел Вале.

Многумина го сметаат за идната фудбалска ѕвезда од, а сега тој пристигна во САД во обид да му помогне на Челси кој е во голема опасност од испаѓање од турнирот.
“Кендри е тука со нас. Побара да помине некое време со нас и да тренира. Ќе видиме каков ќе биде планот во наредните денови”, изјави Мареска.
Иако Челси го повикаа да помогне на Светското клупско првенство, неговата иднина во клубот останува неизвесна, бидејќи се погласни се гласините дека тој ќе биде позајмен во фудбалскиот клуб Стразбург.



