Младиот напаѓач Рио Нгумоха официјално го стави својот потпис на првиот професионален договор со Ливерпул. Тој пристигна во академијата на “црвените” во септември 2024 година од Челси, а веќе имаше можност да блесне во првиот тим.
До овој момент, 17-годишниот Англичанец има пет настапи за сениорската екипа, вклучувајќи го и најновиот во победата од 2-1 против Саутемптон во Карабао Купот.
Нгумоха се најде во центарот на вниманието минатиот месец, кога на својот деби настап во Премиер лигата постигна драматичен погодок во 100-тата минута за триумф од 3-2 на гостувањето кај Њукасл Јунајтед.
The pitchside angle of Rio’s moment 📲✨ #TeamPixel | #Ad pic.twitter.com/51NZlAc3pn
— Liverpool FC (@LFC) August 26, 2025
Само неколку недели подоцна, го запиша и своето прво европско појавување, влегувајќи од клупа во победата над Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите на Енфилд.
Талентираниот напаѓач настапуваше за У18, У19 и У21 тимовите на Ливерпул во сезоната 2024/25, а својот сениорски деби настап го имаше уште во јануари, во натпревар од ФА Купот против Акраингтон Стенли, под водство на Арне Слот.
Со потпишувањето на овој договор, Ливерпул ја потврдува својата доверба во еден од најперспективните млади фудбалери во Англија.



