Циндриќ подготвен за ЕП: „Зборовите на Ивано Балиќ ми се водилка во кариерата“

 

Објавено:

Со заминувањето на „сенаторите“ како Дувњак и Карачиќ, товарот на лидерството во хрватската ракометна репрезентација паѓа врз плеќите на Лука Циндриќ. Пред стартот на Европското првенство во Скандинавија, членот на Веспрем се чувствува подготвен, мотивиран и воден од советите на најголемите.

Циндриќ, кој некогаш жареше и палеше во дресот на Вардар, открива која е тајната на успехот, лекција научена од легендарниот Ивано Балиќ.

„Еднаш, многу одамна, Ивано Балиќ ми рече: ’Ќе бидеш добар онолку колку што ќе го направиш својот соиграч подобар играч’. Затоа тој е тоа што е. Ракометот е многу повеќе од голови, не е само скокни и шутни. Тоа ми е мото низ целата кариера, изјави Циндриќ за хрватските медиуми.

„Не бегаме од одговорност, но групата е пеколна“

За неговата моментална форма, Циндриќ вели дека е „во погон“ и без повреди, што е најважно за Хрватска. Сепак, предупредува на еуфоријата пред дуелите со Шведска и Холандија во групата.

„Јавноста секогаш притискала, бидејќи знае дека можам. Мојата кариера и резултатите се заслужни за тоа. Мене тоа ми е мотивација. Верувам дека ќе бидам најдобар кога е најпотребно, додава средниот бек.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено