Дали е време за Англија? Астон Вила е новата желба на македонскиот дијамант Елмас!

 

Објавено:

Оваа вест дефинитивно ќе ја земеме со доза на резерва, но искрено, ние во Спортска Станица мораме да признаеме една работа, идејата нашиот „дијамант“ и несомнено најдобар македонски фудбалер во моментов да заигра под палката на Унаи Емери, звучи неверојатно.

Емери е еден од најдобрите светски тренери и сигурно би извлекол максимум од Елиф. Она што дополнително ја прави оваа перспектива примамлива е фактот што Астон Вила следната сезона нема само да игра во Премиер лигата, тие влегуваат во новата кампања како освојувачи на Лига Европа, што значи дека ги чека и настап во елитната Лига на шампиони!

Според најновите шпекулации кои кружат на социјалните мрежи, Елмас го „пикирал“ токму клубот од Бирмингем и претпочита преселба во Англија наместо враќање во Турција, и покрај сериозниот интерес од неговиот поранешен клуб Фенербахче.

Сето ова можеби звучи премногу добро за да биде вистинито, но останува да видиме што ќе ни донесе летниот преоден рок. Да се потсетиме, иако Наполи имаше право целосно да го откупи неговиот договор по позајмицата, тие се одлучија против таа опција, па Елиф сега формално се враќа во својот матичен клуб, РБ Лајпциг.

Ќе го гледаме ли македонскиот бисер конечно во Премиер лигата? Останува да следиме!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено