6.8 C
Skopje

Дали Светското клупско првенство навистина вредеше 1 милијарда?

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

ФИФА и стриминг сервисот “DAZN” тврдат дека новото Светско клупско првенство во САД било “огромен успех”, но дали турнирот вредеше 1 милијарда долари инвестиција?

Одговорот, како и секогаш во модерниот фудбал, зависи кого прашувате.

Тврдењата на “DAZN”: три милијарди гледачи

Ден по финалето меѓу Челси и ПСЖ (3-0), директорот на “DAZN”, Шај Сегев, излезе со бројка од “над три милијарди гледачи”. Тоа значи три гледачи за секој долар што компанијата го плати за глобалните ТВ-права.

ФИФА и “DAZN” не понудија конкретни податоци зад овие бројки. Според нив, “63 натпревари ги следеле една третина од светската популација” што, без поткрепа, звучи како маркетиншка фантазија, а не реална анализа.

Реалноста: турнир што направи бранови, но не и бум

Вистината е дека интересот беше солиден, но далеку од “светски спектакл”. Извештаи од САД покажуваат дека финалето го гледале 2,45 милиони гледачи. “DAZN”, делумно финансиран од саудиски капитал, успеа да привлече рекорден број на корисници на својата апликација и да го зголеми своето присуство на социјалните мрежи: “YouTube” каналот порасна за милион претплатници, а видеата за еден месец имаа 253 милиони прегледи.

Извор: https://x.com/DAZNFootball

Што значи ова за иднината на турнирот?

Иако многу прашања остануваат отворени (каде ќе се игра следниот, колку тимови ќе има и по кој критериум), ФИФА е охрабрена од изминатото издание. Џани Инфантино најави “златна ера на клупскиот фудбал” и нови договори вредни милијарди.

Но, експертите се скептични. “Ова е уште еден турнир во веќе презаситен календар. Фудбалот си пука во сопственото колено со вакво преполнување”, предупредува Пјер Маес, аналитичар за ТВ права. Според него, ретко кој емитер ќе сака повторно да плати толку многу.

Заклучок: Гласна помпа, тивок импакт

ФИФА доби видливост, “DAZN” доби корисници, но публиката не беше воодушевена како што се надеваа организаторите. Вистината е дека Светското клупско првенство не го достигна нивото на Светските или Лигата на шампиони. Тоа е реалноста зад маркетингот.

Милијарда долари се многу. Сега прашањето е дали следниот пат ќе се најде некој што повторно ќе ги даде.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено