Дали затворањето на кровот е виновникот за вчерашните повреди на Вимблдон?

 

Објавено:

Во рамките на осминафиналниот меч кој се одигра вчера меѓу светскиот рекет број еден, Јаник Синер и Григор Димитров се случи прекин на мечот поради затворање на кровната конструкција на Централниот терен.

Прекинот од 13 минути дојде по неочекуваното водство од 2:0 на Димитров, кој подоцна беше принуден да го предаде мечот и да се повлече поради повреда на градниот мускул.

Многумина познавачи на тенисот сега велат дека токму тој прекин е причината за повредата, а меѓу острите критичари за таквата одлука е и поранешниот шампион Енди Мареј.

“Навистина е бесмислено да го затворите кровот во таа фаза на натпреварот. Имаше барем уште еден час дневна светлина… Цел сет може да биде одигран за тоа време, ако не и повеќе… ова е надворешен турнир”, напиша тој на социјалните мрежи.

Познавачите на спортот тврдат дека при толку долг прекин, мускулната маса на спортистите се оладува, што може да доведе до повреди, како што беше тоа случајот вчера со Димитров, па многумина се прашуваат дали одлуката беше донесена само во корист на Синер, кому не му одговараше ветрот за време на играта.

Сепак, вината не лежи кај тенисерите во никој случај, а фановите коментираат дека доколку Синер, кој и самиот имаше здравствени проблеми на мечот, успее да го продолжи својот настап и го освои турнирот, ова ќе биде најголемото “што би можело да биде?” во историјата на Вимблдон.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено