Де Минор го помачи, но сепак Ѓоковиќ до нова победа!

 

Објавено:

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, денес одигра тежок натпревар на Вимблдон против Австралијанецот Алекс де Минор кој сепак на крајот го доби со 3:1.

Првиот сет го доби Де Минор, со 6:1, но Ноле успеа да се врати во игра уште во вториот сет, за до крајот да ги добие сите, за конечен резултат од 1-6, 6-4, 6-4, 6-4 и пласирање во четврт-финалната фаза.

Ѓоковиќ после победата изјави дека влегол малку нервозно во мечот и тоа веднаш се забележало, но успеал да се врати ментално во вториот сет и да одигра дисциплинирано до самиот крај. Сепак, публиката на Централниот терен со громогласен аплауз на крајот ја поздрави борбата на Де Минор и одличната игра која беше прикажана на теренот од страна на двајцата тенисери.

Интересно е што во публиката денес беше легендата на тенисот Рожер Федерер, а Ноле на крајот се пошегува: “Ова е прв меч на кој победувам кога ме гледа Федерер од публиката”.

На свои 38 години, Ѓоковиќ сè уште игра рамо до рамо со своите далеку помлади колеги, а дали ќе успее и оваа година да стигне до финалето на престижниот турнир, останува да видиме.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено