Нема крај на маките на Манчестер Јунајтед, а после катастрофалната сезона минатата година, кога завршија дури 15-ти во Премиер лигата, ниту оваа сезона на натпреварувања не им тргна од рака.
Откако сезоната во првата лига на Англија ја почнаа повторно лошо, сега тие се елиминирани во втората рунда на Карабао Купот и тоа од четвртолигашот Гримсби Таун.
Сензацијата на малиот клуб започна уште во првото полувреме, кога успеаја на полувремето да водат против Манчестер Јунајтед со 2:0, со головите кои ги постигнаа Вернам во 22-та и Ворен во 30-та минута, со што станаа херои пред домашната публика.

Јунајтед во второто полувреме малку ја врати надежта дека нема да доживее уште еден срам, па го израмнија резултатот на 2:2 преку головите на Мбуемо во 75-та и Мегвајр во 89-та минута. Но, тие немаа доволно сила за да постигнат уште еден гол за победа, па натпреварот беше разрешен во пенали.
И тоа каква пенал завршница! Двете страни шутираа до резултат од 12:11, сè додека новото засилување на Јунајтед, Мбуемо не промаши за целосна експлозија од трибините.
После победата над големите Манчестер Јунајтед, навивачите веднаш се спуштија на теренот за да прослават со своите локални херои, а гигантот уште еднаш доживеа целосен дебакл, овој пат со елиминацијата во второто коло.
MBUEMO MISSES THE PEN AND MAN UNITED ARE ELIMINATED BY FOURTH DIVISION SIDE GRIMSBY TOWN!
THE SCENES AS THE FANS INVADE THE PITCH 😱 pic.twitter.com/IYygz7aT0G
— ESPN FC (@ESPNFC) August 27, 2025



