Дембеле е играч на мечот, ПСЖ со петта титула годинава

Објавено:

Усман Дембеле е на чекор поблиску до освојување на Златната топка, откако синоќа со својот клуб го освои трофејот во Суперкупот на УЕФА, после трилер натпревар кој на крајот Французите го добија на пенали.

Со својот учинок во клучните моменти, Дембеле беше избран за играч на натпреварот, со што многумина сметаат дека тој веќе со сигурност ќе ја освои и престижната титула Златна топка.

Извор: https://x.com/dembouz

Оваа сезона беше одлична за ПСЖ, а на патот кон освојување на рекордни шест титули во сезоната ги спречи само Челси во финалето на Светското клупско првенство.

Погледнете го моментот кога ПСЖ го подигнаа трофејот на Суперкупот.

 

Извор: https://x.com/AchrafHakimi

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено