Ден „Д“ во Абу Даби: Верстапен или Норис – кој ќе биде шампион?

Објавено:

Дојде денот што го чекавме цела сезона. Денес во 14:00 часот, на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби, ќе се возат последните 58 кругови за 2025 година. Кругови кои ќе одлучат кој ќе биде крунисан за светски шампион.


Макс Верстапен стартува од пол-позицијата, но Ландо Норис е веднаш до него. Оскар Пијастри ќе демне од сенка. Математиката е едноставна – на патеката ќе се води војна за секој метар.

Официјалниот профил на Формула 1 јасно порача: „Откажете ги плановите!“.

Денес се вози за сè или ништо. Еден ќе замине како легенда, другите ќе чекаат нова шанса.

Погледнете ја најавата за спектаклот:


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено