Ако се наоѓате деновиве во Струга и сакате спорт, тогаш сигурно ќе уживате во еден од најдолговечните спортски турнири во Македонија, кој се игра во можеби најубавиот амбиент покрај Охридското езеро.
Овој турнир бележи 53 години постоење оваа година, а се одржува во градот кој живее за ракометот, па секоја година турнирот претставува вистински спортски фестивал за уживање.

Оваа година на турнирот во Струга ќе се сретнат екипите на Струга, Охрид, Бутел, Раднички, Тиквеш, Раднички и Бурса, а турнирот ќе биде отворен денес со езерското дерби меѓу Струга и Охрид во 18:30 минути.
Оваа година на турнирот нема да настапат најтрофејните клубови Вардар и Еурофарм Пелистер, кои тука имаат освоено по дури 14 трофеи.



