На денешен ден, 5 август 2021 година, навивачите на каталонскиот гигант ја добија најнепосакуваната вест – нивниот миленик, симболот на победничката ера на Барса, Лео Меси си заминува од клубот.
Врската меѓу Меси и Барселона не беше обична приказна на играч и клуб. Каталонскиот клуб му ја даде шансата на детето со проблеми во растот од Аргентина да се вивне во светските височини на фудбалот. Аргентинецот велеше дека засекогаш ќе биде благодарен и никогаш нема да го напушти клубот.
Но, тогаш се случија проблемите со регулативите за плати на Ла Лига. И покрај тоа Меси и Барселона сакаа да ја продолжат соработката, не можеа да најдат начин да ги премостат финансиските и структурните пречки.
I never want to experience anything like this again in my life.
pic.twitter.com/gdhl4vgWwR https://t.co/cvxuOHPWxT
— (Fan) Max Stéph (@maxstephhh) July 7, 2025
До ден денес, навивачите го паметат овој ден како еден од најшокантните во поновата историја на клубот. Навивачите плачеа по улиците на каталонскиот град, се собираа пред Камп Ноу во шок и неверување…
Барселона неодамна изјави дека кога ќе биде готов новиот стадион, Меси ќе биде поканет да одигра ревијален меч на новиот Камп Ноу, а во негова чест ќе биде поставена и постојана изложба.
LATEST NEWS | Leo #Messi will not continue with FC Barcelona
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 5, 2021
Today marks 20 years since Messi’s first goal with Barça. The rest is history. 🐐 pic.twitter.com/W5Qhxz3mRC
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 1, 2025



