Љубовта на Англичаните за фудбалот може да се види и низ историјата која некои клубови и стадиони ја носат во себе. Многу од легендарните стадиони опстојале низ годините, останувајќи “во игра” со децении и векови.
Ова се најстарите 10 фудбалски стадиони во Англија, на кои до ден денес се играат натпревари.
10. Крејвен Котиџ (Фулхам)
Отворен: 1896 година
Локација: Лондон

Сместен на брегот на реката Темза, ова е еден од најживописните стадиони во Англија. Флухам го нарекува свој дом уште од 1896 година, а шармот на Крејвен Котиџ до ден денес ги привлекува навивачите.
9. Хилсбороу (Шефилд Венсдеј)
Отворен: 1899 година
Локација: Шефилд

На Хилсбороу се имаат одиграно многу легендарни натпревари и тој останал до ден денес дом на Шефилд Венсдеј. Неговата богата историја го прави еден од најинтересните во Англија.
8. Гудисон Парк (Евертон)
Отворен: 1892
Локација: Ливерпул

Гудисон Парк е дом на клубот Евертон повеќе од 130 години. Иако машкиот тим се пресели на новиот стадион Хил Дикинсон оваа година, Гудисон Парк остана дом на женскиот тим.
7. Сент Џејмс Парк (Њукасл Јунајтед)
Отворен: 1880
Локација: Њукасл

Сместен на врв на рид, Сент Џејмс Парк е еден од најлегендарните стадиони во Англија. Неговата локација во срцето на центарот на градот, го прави интересен и за туристите, па често е посетуван и надвор од сезоната.
6. Ивуд Парк (Блекбурн Роверс)
Отворен: 1882
Локација: Блакбурн

Ивуд Парк оригинално бил изграден како комплекс за повеќе спортови, пред Блекбурн Роверс да го направат свој дом. Тој е спој на традиција и модернизам, рефлектирајќи ги сите слоеви од историјата на клубот.
5. Турф Мур (Барнли)
Отворен: 1883
Локација: Барнли

Дом на клубот Барнли уште од самиот почеток во 1883 година, Турф Мур е тврдината на навивачите повеќе од еден век. Иако стадионот помина низ неколку реконструкции, сепак го задржа својот класичен дух.
4. Рејскорс Граунд (Врексам)
Отворен: 1864
Локација: Врексам

Иако Врексам е во Велс, неговата вклученост во англискиот фудбал го прави вреден за оваа листа. Ова е најстариот стадион во светот кој сè уште е во употреба.
3. Дипдејл (Престон Норт Енд)
Отворен: 1878
Локација: Престон

Дипдејл е дом на Престон Норт Енд уште од крајот на 19-от век. Тој важи и за најстариот стадион во светот кој постојано е користен како фудбалски стадион без прекини.
2. Филд Мил (Менсфилд Таун)
Отворен: 1861
Локација: Менсфилд

Филд Мил е дом на Менсфилд Таун и е признаен како еден од најстарите стадиони кои сè уште е во употреба. И покрај реновирањето низ годините, тој го има задржано својот историски шарм.
1. Брамал Лејн (Шефилд Јунајтед)
Отворен: 1855
Локација: Шефилд

Оригинално отворен како терен за крикет, Брамал Лејн започнал со одржување на фудбалски натпревари во 1862 година, а е дом на Шефилд Јунајтед од 1889 година. Како најстар професионален стадион сè уште во употреба, тој стои како едно сведоштво за англиското фудбалско наследство.



