Детско катче: Јапонија падна со „седмица“, ФК Кул е во четвртфинале!

 

Објавено:

Ова што го прават децата на Кул Здравје во Барселона е веќе за историските учебници на клубот! По успешниот поход во групната фаза, нашите мали мајстори од Кисела Вода приредија вистинско фудбалско шоу во осминафиналето, „торпедирајќи“ го јапонскиот претставник Амејзинг Селект со нестварни 7:2!

Јапонска дисциплина против македонски талент: 7 гола во мрежата на противникот!

Иако се очекуваше тежок и тактички меч против брзите Јапонци, момците на Кул на теренот излегоа како „осамени волци“. Со седум гола во противничката мрежа, тие испратија порака до цела Европа дека во Македонија расте една генерација која не се плаши од никого. Оваа победа не само што им донесе пласман меѓу осумте најдобри, туку и ги етикетира како едно од најпријатните изненадувања на „FIT tournament“.

Карактер на шампиони: Преетходните победи над ЦС Академија и ЦТББ

Иако во групната фаза поразот од Спортинг беше лекција, нашите момци брзо ги средија првичните впечатоци и покажаа заби. Во клучните битки за пласман, Кул Здравје забележа два фантастични триумфа:

  1. Кул – ЦС Академија (Шведска) 3:2 – Вистинска драма во која нашите таленти покажаа дека се поцврсти од скандинавскиот челик.
  2. Кул – ЦТББ (Каталонија) 3:1 – Силна победа против домашниот претставник, со која го запечатија своето место во осминафиналето.

Вечерва во 19:00 ч. – Четвртфинален спектакл против Брага!

Нема време за долго славење, бидејќи патот до трофејот води преку Португалија. Вечерва, со почеток во 19:00 часот, Кул Здравје излегува на мегдан против славната Брага. По Спортинг Лисабон, ова е втор голем португалски гигант со кој нашите момци ќе ги одмерат силите во Барселона.

Ако научивме нешто од претходните мечеви, тоа е дека овие 11 деца, потпомогнати од стручниот штаб и нивните верни мајки на трибините, не знаат за повлекување. Брага е голем фаворит на хартија, но на теренот се игра без откажување, а таму срцето на Кул досега не потфрли.

Детско катче и цела спортска јавност во Македонија се со вас! Момци, уживајте во четвртфиналето, вие веќе сте нашите шампиони!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено