Постојат фудбалери кои постигнуваат голови, и постои Лионел Меси, кој создава уметност. Иако има 38 години, аргентинскиот магионичар продолжува да ги воодушевува фановите ширум светот, а неговиот последен потег е доказ дека класата е вечна.
Во дресот на Интер Мајами, тој постигна гол кој е речиси идентична копија на еден од неговите најпознати голови од времето во Барселона, комплетно со дриблингот и лажното движење со телото со кое го “испрати по бурек” голманот.
“Ова не е МЛС, ова е Меси”
Видеото кое ги споредува двата гола стана апсолутен хит на социјалните мрежи, а фановите се воодушевени. “Ова не е МЛС, ова е едноставно Меси”, гласи еден од коментарите. Други додаваат: “Човекот има постигнато толку многу голови, што веќе нема гол што не го има реплицирано неколку пати”.
Најдобриот коментар, сепак, можеби е оној кој вели: “Денот кога тој ќе се пензионира ќе биде тажен ден за фудбалот”.
Погледнете ја оваа неверојатна уметност и проценете сами – кој гол е подобар?
Додека тој е сè уште на теренот, на сите нас ни останува само да уживаме во магијата на најголемиот на сите времиња.



