Џејлен Браун: „Јас сум најдобриот двонасочен играч во светот!“

 

Објавено:

Џејлен Браун реши да му одржи лекција на кошаркарскиот свет и да покаже дека заслужува многу повеќе респект отколку што добива. Во неверојатната победа на Бостон Селтикс над ЛА Клиперс од 146-115, Браун го израмни својот рекорд на кариерата постигнувајќи 50 поени, но она што го направи неговиот настап историски беше дефанзивната перформанса против еден од најдобрите на сите времиња – Каваи Ленард.

Браун влезе во овој меч со посебен мотив. Откако беше „прескокнат“ за наградата Играч на месецот на Истокот (која ја доби Џејлен Бронсон), тој му пратил порака на тренерот Џо Мазула со само едно барање: „Сакам да го чувам Каваи“.

Доминација на двата краја на теренот

Браун не само што постигна 50 поени со неверојатен шут (18/26 од игра), туку буквално го „затвори“ Каваи Ленард. Човекот кој во претходните шест меча просечно постигнуваше по 39 поени, против Браун беше сведен на скромни 22 поени со шут 6/17.

„Верувам дека сум најдобриот ‘двонасочен’ играч во светот. Сакав да излезам на теренот и да го покажам тоа. Кога луѓето се сомневаат во мене ми дава особена мотивација. Медиумите се фокусираат само на нападот, но кошарката е и одбрана, скокови и разновидност. Во тој сегмент, јас сум меѓу најдобрите“, изјави Џејлен Браун по натпреварот.

Бостон гази и без Тејтум

Иако Селтикси цела сезона се без својата прва ѕвезда Џејсон Тејтум (кој закрепнува од повреда на ахиловата тетива), Браун успеа да го задржи тимот во самиот врв на Источната конференција. Со просек од 30,1 поен по натпревар, тој е на пат да стане само вториот играч во историјата на франшизата (по Тејтум) кој ја завршил сезоната со просек над 30 поени.

Тренерот Мазула беше полн со фалби за својот лидер, нагласувајќи дека ова била една од најкомплетните партии што некогаш ги видел во НБА лигата. Навивачите во Инглвуд, иако противнички, на крајот го испратија Браун со скандирања „М-В-П!“.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено