6.8 C
Skopje

Ди Марија се прости од европскиот фудбал, се враќа дома

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Аргентиската фудбалска легенда, Анхел ди Марија, со вчерашниот настап на Светското клупско првенство се прости од европскиот фудбал.

Ди Марија кој беше стрелец за единствениот гол на Бенфика од пенал, по што следуваа продолженија во кои Челси успеа да даде уште 3 голови во рок од 9 минути, за конечен резултат од 4:1.

Поразот во осминафиналето го означи и последниот меч кој Аргентинецот го одигра во боите на дресот на португалскиот клуб. Неговата следна дестинација ќе биде клубот од детството – Росарио Централ.

Извор: https://x.com/433

37 годишниот фудбалер имаше импресивна кариера во Европа која траеше цели 18 години, а меѓу клубовите во кои играше беа Бенфика, Реал Мадрид, ПСЖ и Јувентус.

Дополнително, неговата кариера беше збогатена и со националниот дим, кога го кренаа трофејот на Светското првенство во 2022 година, а во својата кариера тој има освоено 30 титули.

Извор: https://x.com/SLBenfica

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено