12.8 C
Skopje

Диего Симеоне: “Само затоа што сум тренер треба да ќутам на навредите”

Објавено:

Аргентинскиот стратег вчера експлодираше кон навивачите по доцната победа на Ливерпул над неговиот тим Атлетико Мадрид, по што доби црвен картон во самата завршница и беше испратен надвор од теренот.

Иако нервозата ескалираше во последните минути од мечот, според Диего Симеоне тој трпел навреди и гестови во текот на целиот натпревар, па едноставно “пукнал” на крајот.

“Има многу што да се зборува за грижата за тренерите, а навивачите извикуваа навреди преку целиот натпревар од зад клупата. А, јас не можам да кажам ништо затоа што сум тренер”, изјави тој за шпанската телевизија после мечот.

“Очигледно е дека моите постапки немаат оправдување, јас ги нападнав. но, тоа беше после 90 минути постојано вреѓање. Потоа се вртиш, твојот противник погодил, а тие сè уште те навредуваат. Не е така лесно во тој момент”, додаде Симеоне.

Тренерот за другите медиуми исто така истакна дека “постојано зборуваме за расизам и навреди кон играчите, а сепак никој не го интересира низ што поминуваат тренерите”.

На социјалните мрежи се огласи и навивачот од Ливерпул кој се судри со Симеоне: “Не кажав ништо расистички, ниту споменав некакви војни”. Погледнете го целото видео.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено