Во трансфер вреден 1 милион евра, македонскиот фудбалер Димитар Митровски се пресели во словенечката Олимпија Љубљана по транферот од Хрватски Вараждин, кој е најскап во историјата на клубот.
Македонскиот репрезентативец кој беше нарекуван “Македонскиот Меси” во хрватските фудбалски кругови, потпиша договор до 2028 година, а љубљанскиот тим го смета за најголемо засилување за идната сезона.
Митровски имаше два успешни настапи за нашата репрезентација во натпреварите од рамките на Квалификациите за Светското првенство, кога одигравме изедначено (1:1) со Белгија и победата над Казахстан (0:1).
Митровски се сели во Љубљана од хрватската лига, каде помина 2 години во Вараждин. Претходно тој ги помина младинските категории во Ханза Росток, Магдебург и славниот Спортинг Лисабон, пред да се врати во Академија Пандев, а фудбалската кариера ја започна како “дете на Работнички”.