Германскиот кошаркарски гигант Баерн Минхен не чекаше долго за да ја пополни празнината по ненадејното заминување на Спенсер Динвиди. Само неколку дена по раскинот на соработката со НБА ѕвездата, Баварците го потврдија доаѓањето на македонскиот репрезентативец Ненад „Нено“ Димитријевиќ.
27-годишниот плејмејкер доаѓа од рускиот Зенит Санкт Петербург и потпиша договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на уште една година.
„Кога ќе те побара Пешиќ, не размислуваш“
Димитријевиќ, кој ќе го носи дресот со број 0, веќе ги помина медицинските прегледи и го одработи првиот тренинг. Тој откри дека повикот од легендарниот тренер Светислав Пешиќ бил пресуден.
„Минхен е голема и почитувана организација, а кога ќе ти се јави тренер како Пешиќ, тоа е чест и одлуката е лесна (‘no-brainer’). Сакав да се вратам во Евролигата и веднаш да помогнам тимот да победува“, изјави Нено.
Спортскиот директор Тарлаќ: „Донесовме МВП“
Спортскиот директор Драган Тарлаќ објасни зошто изборот паднал токму на Македонецот.
„Со Нено го засилуваме ростерот на позиција каде имавме многу повреди. Како МВП на ВТБ лигата, тој носи искуство, динамика и моќ. Неговата способност да креира решенија во нападот за себе и за другите е она што ни требаше“, истакна Тарлаќ.
Со доаѓањето на Димитријевиќ, Баерн се надева дека ќе ја подобри својата позиција во Евролигата и ќе ја нападне титулата во Германија.



