12.8 C
Skopje

Диого Жота тргнат од “FC25”, испратени специјални дресови до сите играчи

Објавено:

Португалскиот фудбалер Диого Жота, кој животот го загуби во сообраќајна несреќа заедно со неговиот брат Андре, беше страсен член на гејмерската заедница.

Неговата љубов кон е-спортот можеби не беше толку позната како неговата игра во дресот на Ливерпул, но тој посветуваше голем дел од своето време на играње на фудбалската онлајн игра.

Но, колку и да потпишуваа фановите петиции за негово останување во играта и после смртта, едноставно тоа не е возможно, па како што е праксата со сите фудбалери кои повеќе не играат, и Диого Жота беше отстранет од “FC25”.

Извор: https://x.com/cmtrackernet

Сега играчите нема повеќе да можат да играат со Жота во стартот на сезоната, ниту да го одберат во “кариерното подесување”.

Во негова чест и за славење на животот на еден страсен член на гејмерската заедница, “EA Sports” на сите играчи им испрати специјален тифо пакет со сите дресови за кој играше тој.

Извор: https://x.com/theinfinityfc

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено