Што поради незгодната временска зона, што поради презаситениот распоред, малку е проблем да се следат сите натпревари од ФИФА Светското клупско првенство кога гледате од Македонија.
Па, да резимираме до овој момент до каде сме, што се случува на најголемиот клупски собир.
Кои клубови веќе се пласираа во осминафиналето?
Досега, осум клубови го имаат обезбедено своето место во нокаут-фазата. Можеби изненадувачки први тоа го направија Бразилците од Фламенго, а потоа следуваа Баерн Минхен, Манчестер Сити, Јувентус и најново ПСЖ, Ботафого, Палмериас и Интер Мајами. Овие осум екипи го загарантираа својот пласман понатаму.

Кои клубови дефинитивно се елиминирани?
За седум екипи, сонот за светска титула е веќе завршен. После вчерашните натпревари, без шанси за пласман понатаму се:
Атлетико Мадрид
Порто
Ал Ахли
Сиетл Саундерс
Оукленд Сити
Лос Анџелес ФК
Урава Ред Дајмондс
Улсан ХД
Видад АК
Ал Аин
Пачука
Сиетл Саундерс
Познати дуели во нокаут-фазата
Сега за сега, имаме 2 двојки кои се сигурни во нокаут-фазата, а тоа е бразилското дерби меѓу Ботафаго и Палмеирас, и стариот и новиот клуб на Меси, односно дуелот меѓу ПСЖ и Интер Мајами.

Кои се клучните битки во последното коло и кој сè уште има шанса?
Во последната рунда од групната фаза, неколку гиганти сè уште ја немаат обезбедено својата позиција и ги чекаат одлучувачки натпревари:
Челси: “Сините” имаат три бода по победата над Лос Анџелес и поразот од Фламенго. Ги чека директен дуел со Есперанс од Тунис, каде што и бод би им бил доволен за пласман поради подобрата гол-разлика.
Реал Мадрид: “Кралевите” имаат четири бода и ги чека директен дуел со Ред Бул Салцбург за првото место во групата Х.
Интер и Ривер Плејт: Во групата Е, двата тима имаат по четири бода и во меѓусебен дуел ќе одлучуваат за првото место. Нерешен резултат, во зависност од другиот натпревар, може да ги однесе и двата тима понатаму.
Накратко, некој со поголеми, некој со помали, но овие клубови сè уште имаат математички шанси да се пласираат понатаму:
Група Ц: Бенфика, Бока Јуниорс
Група Д: Челси, Есперанс Тунис
Група Е: Интер Милан, Ривер Плејт, Монтереј
Група Ф: Борусија Дортмунд, Флуминенсе, Мамелоди Сандаунс
Група Х: Реал Мадрид, Ред Бул Салзбург, Ал Хилал

Најголемо изненадување досега
Без сомнение, победата на Ботафого од 1:0 над европскиот шампион ПСЖ е најголемиот шок на турнирот досега. Бразилскиот клуб иако сметан за аутсајдер докажа дека со срце на терен може да се победи секој, па дури и “непобедливите” Парижани.
Најголемо разочарување досега
Иако не се елиминирани, најголемо разочарување досега се настапите на европските гиганти. Иако ПСЖ се “извлече” и се пласираше во следната фаза, Челси доживеа пораз од 3:1 од Фламенго, комплицирајќи си го патот понатаму. Овие резултати покажуваат дека јужноамериканските тимови дошле со сериозни амбиции. Од друга страна, најтешкиот пораз го доживеа Оукленд Сити, кој беше декласиран со 10:0 од Баерн Минхен, што е доказ за огромната разлика во квалитет меѓу конфедерациите.
Ако сè уште не сте имале можност да гледате некој од натпреварите на ФИФА Светското клупско првенство, тука може да го погледнете нашиот детален водич за како бесплатно да ги следите сите натпревари од сите уреди.



