Добра и лоша вест: Шешко ќе отсуствува пократко, но во лош период за Манчестер Јунајтед

 

Објавено:

Манчестер Јунајтед влегува во тежок период: Бенјамин Шешко ќе паузира околу еден месец поради повреда на коленото, здобиена во финишот на дербито со Тотенхем.

22-годишниот напаѓач не игра за Словенија во тековната репрезентативна пауза, а прогнозите велат дека ќе биде надвор од теренот меѓу три и пет недели, зависно од рехабилитацијата. Добрата вест за Рубен Аморим е што повредата не е од најтешките како што се стравуваше; лошата е тоа што времето е катастрофално.

Аморим останува без напаѓачи во најтежок период

Додека Шешко закрепнува, Јунајтед ќе ги загуби и Амад од Брегот на Слоновата Коска и Брајан Мбеумо од Камерун, кои заминуваат на Африканскиот куп на нации, кој ќе се одржува од 21 декември до 18 јануари.

Турнирот ќе завземе 6 премиерлигашки кола (Астон Вила, Њукасл, Вулвс, Лидс, Барнли, Манчестер Сити), како и третото коло од ФА Купот.

Шешко влезе како џокер во ремито 2:2 во Лондон, но мечот го заврши со болка по остар, но чист старт на Мики ван де Вен во 88-та минута. Словенецот сезонава има 2 гола и 1 асистенција во Премиер лигата по летниот трансфер вреден 76,5 милиони евра.

Зимски трансфери? Можеби, но не очекувајте чуда

Аморим по мечот со Спарси призна дека клубот можеби ќе мора да бара засилување во јануари. Но по огромниот летен трошок и потребите во други делови од тимот, купување нов напаѓaч не изгледа реално.

Јунајтед се враќа во акција на 24 ноември против Евертон на „Олд Трафорд“ и тоа без Шешко, во најлош можен момент.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено