Докторите му рекоа дека никогаш нема да игра фудбал: Буркинабец со едно око донесе историски пресврт!

Објавено:

Фудбалот пишува приказни кои ниту најдобрите сценаристи не можат да ги измислат. Во завчерашниот натпревар од АФКОН помеѓу Буркина Фасо и Екваторијална Гвинеја, херојот не беше некоја суперѕвезда со милионски договор, туку 23-годишниот Георги Минунгу – момче кое пред само две години добило медицинска пресуда дека неговата кариера е завршена.

Минунгу, крилниот напаѓач на Сиетл Саундерс, е практично слеп на левото око. Во 2023 година, сериозна инфекција резултирала со губење на видот, а лекарите му соопштиле дека никогаш повеќе нема да игра професионален фудбал. Но, Георги не прифатил „не“ за одговор.

Влезе од клупа и смени сè

Вчера, во 2. коло од Групата Е, Буркина Фасо губеше со 0-1 од Екваторијална Гвинеја сè до 85-тата минута. Тогаш на сцена стапи „резервистот“ Минунгу. Во длабокото судиско надополнување, токму тој ја иницираше акцијата и го постигна израмнувачкиот гол, поставувајќи темели за неверојатниот пресврт кој заврши со победа од 2-1 во последните секунди.

Ова е доказ дека волјата е посилен фактор од секој медицински картон. Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот:


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено