14.8 C
Skopje

Домашната трка на Ред Бул на календарот до 2041 година

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Трката за Големата награда на Австрија потпиша продолжување на договорот, со што Формула 1 ќе се вози на оваа патека до 2041 година.

Домашната трка на Ред Бул во последните години беше вистинско собиралиште на холандските фанови, бидејќи нивниот возач Макс Верстапен доминираше на патеката, па очигледно за ФИА економските резултати од тоа се задоволителни.

Како што знаеме од претходно, на дел од легендарните патеки како Имола им беше ова последна година на Ф1 календарот, а друг дел како патеката во СПА ќе добие ограничени трки во распоредот за наредните години. Земајќи ги таквите промени во европските патеки, за сметка на трките во Соединетите арапски емирати или САД, ова доаѓа како начин на ФИА да покаже некаква стабилизација на европските патеки.

Патеката Ред Бул ринг се наоѓа во Шпилберг, Австрија, а интересна е за возачите бидејќи се наоѓа во живописен планински предел, што нуди чувство на искачување и спуштање по падините за време на возењето.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено