12.8 C
Skopje

Донарума со емотивна изјава за одлуката на ПСЖ: “Скршен сум и разочаран!”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Џанлуиџи Донарума вечерва и официјално на социјалните мрежи се огласи за одлуката на ПСЖ да не биде вклучен во утрешниот натпревар за Супер купот против екипата на Тотенхем.

Откако цело лето кружат гласини за неговото заминување, денес тренерот на ПСЖ, Луис Енрике изјави дека било целосно негова одлука Донарума да не биде вклучен во утрешниот тим.

Во потег кој го шокираше фудбалскиот свет, италијанскиот репрезентативен голман, Џанлуиџи Донарума, објави дека го напушта Пари Сен-Жермен. Со емотивно отворено писмо објавено на социјалните мрежи, тој се збогуваше со навивачите, откривајќи дека одлуката за неговото заминување не била негова.

Оваа објава предизвика лавина од реакции и го отвори прашањето: кој е “некој” што го принуди еден од најдобрите голмани во светот да си замине?

Емотивното писмо на Донарума е адресирано до: “Специјалните навивачи од Париз”.

“Уште од првиот ден кога пристигнав, дадов сè од себе – на теренот и надвор од него, за да го заслужам своето место и да го бранам голот на ПСЖ. За жал, некој одлучи дека јас нема повеќе да бидам дел од тимот и да придонесувам за успесите. Разочаран сум и скршен”, се вели во изјавата.

Извор: https://sports.yahoo.com/

Иако клубот не потврди дека тој официјално ќе го напушти ПСЖ ова лето, сепак после ваквите изјави изгледа дека одлуката е веќе донесена.

“Се надевам дека ќе имам можност да ги погледнам уште еднаш навивачите на Паркот на принцовите и да се збогувам како што доликува. Ако тоа не се случи, сакам да знаете дека вашата поддршка и љубов ми значат сè на светов и никогаш нема да ве заборавам. Засекогаш ќе ги носам со мене сите спомени од емоциите, магичните ноќи и на сите вас, кои направивте да се чувствувам како дома”, пишува Донарума во емотивната изјава.

Тој во изјавата се обрати и до своите соиграчи: “До моите соиграчи, моето второ семејство – ви благодарам за секоја битка, секоја насмевка, секој момент кој го споделивме заедно. Засекогаш ќе бидете мои браќа”.

“Играњето за овој клуб и живеењето во овој град ми претставуваа огромна чест. Ти благодарам Париз”, завршува тој.

Со ова сè погласни станаа гласините дека тој ќе замине во еден од клубовите кои се заинтересирани да го донесат пред својот гол, а меѓу главните играчи за трансферот се споменуваат Манчестер Сити и ривалот Манчестер Јунајтед.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено