2.8 C
Skopje

Дончиќ со солзи на првото враќање во стариот дом

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Во утринските часови се одигра натпреварот меѓу Далас Маверикс и Лос Анџелес Лејкерс, стариот и новиот клуб на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ.

Дончиќ, кој пред само месец ипол беше трејдуван во Лејксерси во неочекуван потег кој го шокираше кошаркарскиот свет, вчера за прв пат се врати во својот дом каде беше топло пречекан од навивачите и стариот клуб. На столчињата во салата имаше маички со натписот “Фала ти за сè” на неговиот мајчин словенечки јазик, а фановите постојано го скандираа неговото име, покажувајќи му дека сè уште е нивниот миленик и покрај тоа што сега игра за друг клуб.

Пред почетокот на натпреварот, во кој Лука со брилијантни 45 поени ги доведе Лејкерси до победата, Далас пуштија емотивно видео за седумте години кои кошаркарот ги помина со нив.

Лука низ солзи ги гледаше спомените на екранот, а после натпреварот изјави и дека првата реакција му била дека “нема шанси да игра после тоа видео”, но добил огромна поддршка од новите соиграчи.

Но сепак, кога излезе на теренот Дончиќ им покажа на челниците на Далас Маверикс дека направиле грешка со неговата замена, давајќи им 31 поен за само едно полувреме.

“Тој ги покажа неговите емоции и ги извади од себе. Ова полувреме со 31 поен е само дел од тој процес на заздравување”, изјави на полувремето за време на преносот на ЕСПН, НБА шампионот Ричард Џеферсон.

“Дојдов тука како дете на 18 години. Не знаев што да очекувам од НБА, но тие направија да се чувствувам како дома. Имам еден куп убави спомени од Далас”, рече Дончиќ на прес-конференцијата после натпреварот.

“Ги сакам овие фанови, го сакам овој град, но време е да се продолжи понатаму”, емотивно изјави за крај Дончиќ.

Извор: https://www.mavs.com

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено