Дортмунд не дозволи мексичка сензација, цврсто до 2:1

 

Објавено:

Борусија Дортмунд и Монтереј во раните утрински часови ја комплетираа осминафиналната фаза на Светското клупско првенство, со резултат од 2:1 за жолто-црните.

Германците не дозволија никакви изненадувања, па уште на стартот на натпреварот одиграа цврсто, стабилно и со неколку шанси, па постигнаа два гола преку Гираси во 14′ и 24′ минута.

Мекиканците влегоа мотивирани во второто полувреме и постигнаа атрактивен погодок во 48′ минута преку Бертерам, а имаа и една спорна ситуација за пенал, кој не им беше досуден.

Со овој натпревар беа комплетирани двојките во осминафиналето, па победниците Дортмунд таму ќе се сретнат со Реал Мадрид, кои вчера го совладаа Јувентус.

Погледнете ги головите и најинтересните моменти од натпреварот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено