Одличен ден во Монтреал за возачите на Мерцедес АМГ Петронас тимот. Џорџ Расел успеа во својата намера да стартува добро од пол позицијата на денешната трка за Големата награда на Канада и да не му даде можност на својот ривал Макс Верстапен да го изненади на првата кривина и да му го преземе водството. После тоа во една прилично досадна трка Расел успеа да го задржи водството, па немаше некои поголеми возбудувања на врвот до самата завршница.
Неговиот тимски возач, младиот италијански дебитант Кими Антонели стигна до својот прв подиум во Ф1 со освојување на третото место и беше изгласан за “Возач на денот”.
DOUBLE PODIUM IN MONTREAL 🏆🏆 pic.twitter.com/6c7yEfu0jZ
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) June 15, 2025
После неколкуте лоши трки, ова е неверојатно враќање на Мерцедес на врвот, а денес прикажаа и одлична стратегија за двајцата свои возачи и сосема заслужено се најдоа на двоен подиум.
Најголемото возбудување на трката се случи на само три кругови пред завршницата кога двајцата тимски возачи на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пијастри се бореа меѓусебно за четвртата позиција при што дојде до директен судир меѓу двата болида на Мекларен.
Грешката сепак беше од страна на Норис кој иако имаше оставено доволно простор од Пијастри за да помине, се удри во ѕидот со што ја заврши трката и предизвика излегување на безбедносно возило после кое немаше веќе време да се продолжи трката.
Piastri and Norris come together in Canada! 😱
Here’s the collision between the two McLarens 💥#F1 #CanadianGP pic.twitter.com/sKo3GRQ63Q
— Formula 1 (@F1) June 15, 2025
Ова е прв директен судир меѓу тимските возачи годинава, а инсистирањата на Мекларен дека немаат фаворит меѓу двајцата за “возач број еден” во тимот, доведе до директна борба меѓу Британецот и Австралијанецот за шампионската титула. Доколку Мекларен во брзо време не се изјасни кого ќе фаворизира во трката за титулата, можно е да гледаме уште неколку вакви судири до крајот на сезоната, со што тимот ќе ризикува да има незавршени трки и губење на многу бодови.
Погледнете го и одличниот старт на Расел за обезбедување на денешната победа!
George Russell gets the launch he was hoping for 🚀
The lights go out in Canada! 💪#F1 #CanadianGP pic.twitter.com/XlER3vHZOq
— Formula 1 (@F1) June 15, 2025