Ова не е спортски извештај. Ова е длабинска анализа за пресекот помеѓу фудбалот, геополитиката, странскиот капитал и заробениот правосуден систем во Македонија. Приказната за Фудбалскиот клуб „Вардар“ во пост-транзицискиот период еволуираше од горда приказна за национален спортски симбол во комплексен механизам за политичка пресметка, перење пари и инсталирање на сомнителен транснационален капитал.
Клубот формиран во 1947 година, кој стана симбол на солидарноста по скопскиот земјотрес и кој ја доживеа својата кулминација со златната генерација во 1986/1987, кон крајот на 90-тите години влезе во тешка егзистенцијална криза. Она што следуваше е хронологија на институционално киднапирање кое трае до денес.

Вистинските спасители и предавството пред Прага (2000-2003)
На почетокот на новиот милениум, субјектот кој го презеде и спаси ФК Вардар од физичко згаснување беше претставен преку симбиозата на главниот инвеститор Слободан Вујчиќ (Брацо) и неговиот директен застапник и претседател на клубот, Драган Живковиќ. Влезот на овој капитал се одвиваше преку германската „УФА МЕДИА“ и компаниите „С.В.-РСА Хамбург“ и „МЏ Риком Интернационал“, кои преку договор од 2000 година станаа колективни членови на Собранието на клубот.
Спортскиот зенит на овој проект се случи во летото 2003 година, за време на владеењето на тогашната политичка елита. По елиминацијата на Бери Таун, Вардар приреди сензација со елиминацијата на рускиот ЦСКА Москва (победа од 1:2 во Русија). Државниот врв отворено славеше со екипата, но поддршката остана само декларативна.

Пред клучниот меч со Спарта Прага во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, институциите не обезбедија никакви средства. Клубот беше пред исфрлање. Во тој критичен момент, инвеститорот целосно ги презеде трошоците. Ветувањата од државните и градските структури дека средствата ќе бидат рефундирани никогаш не беа исполнети. Тоа беше иницијалната точка на експропријацијата на легитимниот приватен капитал.
Механика на институционалниот терор (2006-2017)
Со тектонските политички промени на изборите во 2006 година, новата владејачка гарнитура започна агресивна консолидација на моќта. Инвестициската мрежа на Вујчиќ и Живковиќ беше означена како политички неподобна, што резултираше со немилосрден, системски прогон.
Одземањето на сопственоста се одвиваше преку координирана злоупотреба на правосудството:
- 2005 година: Одржани се тајни, паралелни собранија, извршена е нелегална промена на Статутот и смена на претседателот Живковиќ без негово знаење.
- 2008-2010 година: Системско блокирање на сметките на инвеститорот, што доведе до финансиски колапс и испаѓање на Вардар од Првата лига.
- 13 јуни 2011 година: Само осум дена по парламентарните избори, донесени се три синхронизирани судски решенија во ист ден од судијка во Основниот суд Скопје 2. Следеше целосно правно киднапирање на клубот, бришење на управувачките права и срамна фузија со ФК Миравци.
Дури ниту политичките промени во 2017 година не донесоа правна рехабилитација, докажувајќи дека правосудната олигархија дејствува како независен картел.

Руската ера и правната фикција „АД“
По елиминацијата на оригиналните инвеститори, клубот беше предаден на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Овој економски неодржлив модел, длабоко поврзан со руските геополитички интереси, кулминираше со ставање на Самсоненко на американската „црна листа“. По неговото заминување во 2020 година, тој остави долг од приближно 9 милиони евра, главно кон Градот Скопје и АД ПУИГ.

За да се избегне исплатата на овој долг, креаторите на спортските политики извршија формално-правна ликвидација. Она што денес се натпреварува под името ФК Вардар „АД“ не е континуитет на историскиот клуб, туку правна фикција, лоша имитација исчистена од финансиски обврски преку стечајни маневри. Тврдењата дека клубот е „раздолжен“ се правно неточни, долговите се избришани преку згаснување на стариот субјект. Дополнително, актуелниот државен врв извршил екстра-институционален притисок врз доверителите да се откажат од своите легитимни побарувања, суспендирајќи ја пазарната економија.
Sportswashing: Унгарско-турската оска и коцкарските монополи
Откако клубот транзитираше преку навивачката група „Комити“, денешен доминантен сопственик (85% акции) е турскиот државјанин Атила Бијен Јалили, менаџер во унгарската „Сол Сервисес“. Оваа компанија е во сопственост на турскиот „Полат холдинг“, предводен од милијардерот Аднан Полат, фигура со исклучително блиски релации со турскиот и унгарскиот државен врв. Преземањето на Вардар е класичен „sportswashing“ за обезбедување социјален мир при добивање стратешки концесии за енергетика и производство на канабис во Македонија од страна на актуелната влада.

Уште пострашна е врската со индустријата за игри на среќа. Финансиското врзување на новиот ФК Вардар АД со корпорацијата „Новоматик“ претставува класичен ризик-индикатор за перење пари. Оваа компанија, позната по агресивно преземање на пазарот за казина, користи милионски девизни спонзорства во фудбалот за легализација на огромната готовина. Ова е во директен конфликт со нашата уредничка политика. Ние во Спортска Станица, преку нашиот Вајт Пејпер, строго стоиме на ставот, спорт без реклами за обложување, казина и брзи кредити. Засекогаш!
Системска корупција: Како СЈО стана алатка на коцкарниците
Македонското обвинителство останува пасивно бидејќи добар дел од судиите и обвинителите (особено во гевгелискиот регион) се директно компромитирани преку коцкарски долгови и исплати за заштита.
Пробивот на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, во високата политика се случил токму поради нејзината сервилност кон овој коцкарски картел. Пред формирањето на СЈО, Јанева експресно ослободила уапсено високопрофилирано лице поврзано со „Новоматик“ на преминот Богородица, по директива од тогашниот премиер, кој пак бил притиснат од странски лобисти предводени од поранешниот еврокомесар Јоханес Хан.

Кога СЈО се формираше, тогашниот лидер на опозицијата ја предложил Јанева знаејќи ги нејзините ограничени капацитети, тогашниот премиер ја прифатил паметејќи ја нејзината лојалност кон коцкарскиот бизнис, а Хан со ентузијазам го потврдил изборот. Пропаста на СЈО не беше грешка, туку дизајн за заштита на црниот капитал, жртвувајќи ги легитимните приватни инвеститори на олтарот на партиските и геополитичките интереси.
Вистинскиот ФК Вардар е одамна ликвидиран. Ова што денес го гледаме е само транснационална илузија.



