10.8 C
Skopje

Драма со трансферот на Гибс-Вајт во Тотенхем!

Објавено:

Иако денес беше најавено дека трансферот на Морган Гибс-Вајт со Тотенхем е завршена работа и дека се чека само на официјалијалното потпишување на договорот, сега “Sky Sports” пишуваат дека се појавиле проблеми во договорот меѓу двата клуба.

Како што известува спортскиот медиум, Нотингем Форест го стопирале трансферот сè додека не се консултираат со нивниот адвокатски тим во врска со одредени легални акции.

Наводно, Нотингем се сомневаат во истекување на одредени финансиски информации, затоа што понудата на Тотенхем била токму на сумата која тие внатрешно ја утврдиле, но не ја искомуницирале со потенцијалните заинтересирани клубови.

Сега за сега, не е јасно дали Нотингем Форест ќе можат во целост да го стопираат трансферот, но се очекува истиот да биде одложен додека не се разреши целата ситуација. Според информациите од клубот сега ќе поднесат официјална жалба до Премиер лигата, по што ќе се чека расврската на целата оваа хаотична ситуација.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено