11.8 C
Skopje

Дресовите на клубовите кои ќе играат во Лигата на шампионите

Објавено:

Утре започнуваат натпреварите од Лигата на шампионите, а бројните фудбалски фанови со нетрпение чекаат да ги гледаат своите омилени клубови во елитното натпреварување.

Оваа година во Лигата на шампионите 36 клубови ќе истрчаат на теренот со еден сон – освојување на трофејот. И додека чекаме официјално да започне играта на теренот, решивме да ги погледнеме сите дресови на клубовите кои ќе се натпреваруваат оваа сезона.

Бидејќи станува збор за многу клубови, решивме да ги поделиме според бојата на дресовите, а во предвид ќе ги земеме само првите дресови на тимовите.

Извор: https://x.com/ChampionsLeague

Најдоминантна оваа сезона е црвената боја, во комбинација со белата која ќе ја носат клубовите како Атлетик, Атлети, Олимпијакос, ПСВ, Славија Прага, Ајакс, Баерн Минхен, Монако, Арсенал, Бенфика и Ливерпул.

Барселона и ПСЖ ги претставуваат своите клубови во дресови кои се во темно сина и бордо нијанса.

Дури шест тимови како основа ја имаат сината боја. Некои од нив во комбинација со црни линии, а некои во сина нијанса надополнета со бели детали. Меѓу клубовите кои ќе играат во сино се Интер, Атланта, Челси, Пафос, Наполи и Манчестер Сити.

Жолтата боја е исто така доста застапена оваа сезона, па и во разни нијанси на оваа боја ќе играат шест тимови, почнувајќи со Бодо Глимт, Борусија Дортмунд, Галатасарај, Каират Алмати, Унион СГ и Виљареал.

Единствен клуб кој оваа година ќе носи комбинација од зелена боја со бели линии е португалскиот Спортинг.

Спортинг | Извор: https://x.com/SportingCP

Белата боја како доминантна на своите дресови, сезонава ќе ја имаат клубовите Копенхаген, Марсеј, Реал Мадрид и Тотенхем.

“Зебра” дизајнот на црно-бели линии на своите дресови е препознатлив за Јувентус и Њукасл Јунајтед.

Во дресови на кои доминира црната боја во комбинација со детали во други бои ќе играат Бриж, Франкфурт, Бајер Леверкузен и Карабах.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено