Два часа прекин, драма, пенал и победа за Челси во продолженијата

Објавено:

Во вториот двобој од репертоарот на Светското клупско првенство, англискиот гигант Челси успеа да го совлада легендарниот португалски клуб Бенфика… откако заврши “страшното невреме” во Шарлот, Северна Каролина.

Откако после цели два часа прекин на натпреварот поради временските услови, фудбалерите на двата тима се вратија на теренот да ги доиграат последните четири минути се случи голема драма, кога беше досуден пенал за Бенфика, по што дојде до изедначување со голот на Ди Марија и дополнително продолжување на натпреварот.

А, потоа настапи голгетерското шоу на Сините. Тие успеаја за само 9 минути да дадат три гола, за конечен резултат од 1:4 и крај на фудбалската сага која траеше до доцните утрински часови.

Извор: https://x.com/FIFACWC

Натпреварот од нокаут-фазата беше прекинат поради дожд со еден погодок на Џејмс во 64 минута од второто полувреме, за резултат од 0:1 и нешто што сите сметаа дека ќе биде конечен резултат на натпреварот.

Она што можеби најмногу ги изненади европските фудбалски фанови, беше прекинувањето на натпреварот на само 4 минути пред крајот поради најава за грмотевици и дожд.

Со завршувањето на овој натпревар, ја дознавме и првата двојка во четвртфиналниот натпревар кој ќе се одигра на 5 јули, кога Челси ќе се сретне со бразилскиот клуб Палмеирас, кој претходно денес го совлада Ботафого.

Погледнете ги сите голови на натпреварот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено