1.8 C
Skopje

Двајца големи победници на Силверстоун – Норис и Халк!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

По грешка на Макс Верстапен и казна на тимскиот колега Оскар Пијастри, возачот на Мекларен Ландо Норис дојде до првата победа на домашната трка за Големата награда на Велика Британија.

Ландо низ солзи радосници ја помина финиш линијата, за огромна радост на навивачите на трибините. “Ова е толку прекрасно”, изјави тој на тимското радио.

Денес на Силверстоун видовме сè – сонце, дожд, излизгувања, грешки, казни, но во целиот тој хаос можеби најголем впечаток остави фантастичниот Хулк, кој за прв пат во својата богата кариера од 239 трки, дојде до третото место и подиум.

Тој доби овации од публиката и другите тимови, а беше изгласан и за возач на трката откако заврши на 3-то место, а стартуваше на 19-то. Ова доаѓа како заслужена награда за еден од најизвонредните шофери во Формула 1 кој никогаш не доби вистинска шанса во големите тимови. Тој успеа да оствари успех со Саубер, тим кој го има најслабиот болид на гридот.

Инаку, Халк е освојувач на 24 часовната Ле Манс трка во 2015 година со Порше, а во Формула 1 дури во еден момент се пензионираше, но реши повторно да се врати и конечно после толку сезони да дојде до посакуваниот подиум.

Другиот возач на Мекларен, Оскар Пијастри беше видно разочаран од второто место, нешто што ќе влијае и тоа како во борбата за титула со неговиот тимски колега. Пијастри беше казнет со 10 секунди, но сепак и покрај тоа успеа да заврши на подиумот.

Извор: https://x.com/F1/

Во друштво на разочараните денес беше и Макс Верстапен, кој стартуваше од пол-позицијата, но заврши петти. Тој како ретко за него, направи две поголеми грешки на денешната трка, што на крајот го чинеа многу.

За жал, во поголемиот дел од трката додека траеше дождот тркањето беше забрането, а на патеката имаше безбедносно возило, нешто што можеби ни го скрати задоволството од она што сите го чекавме – тркањето на дожд. Строгите правила за безбедност во Формула 1, го скратуваат задоволството, а ако сакате да гледате вистинско тркање на водена патека, тогаш треба да се префрлите на трките од Ф2 или Ф3.

Извор: https://x.com/F1/

 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено