Е.Пелистер повторно со победа над Вардар го освоија турнирот во Скопје

 

Објавено:

Една недела после победата на пријателскиот меч на турнирот во Охрид, сега и на првиот Регионален ракометен турнир во Скопје, повторно Еурофарм Пелистер славеше над Вардар во вечното дерби, со што го освоија првото место.

Битолчани победија со резултат од 25:23 во “Јане Сандански”, онаму каде што го добија и последниот меч против Вардар во рамките на македонскиот шампионат, победа која ги натера “црвено-црните” да направат промена на тренерската клупа.

Извор: https://www.facebook.com/hceurofarmpelister

Но, и со Иван Чупиќ на клупата, Вардар не успева да ги победи “зелено-белите”, па овие пријателски мечеви се силен аларм за клубот дека нешто ќе треба да се промени пред почетокот на регуларната сезона.

Во среда во Кавадарци овие два тима ќе одиграат повторно, овој пат на Супер Купот на Македонија, со што и официјално ќе започне новата сезона.

Извор: https://www.facebook.com/hceurofarmpelister
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено