Еди Хау за Исак: “Клубот мора да го направи она што е во најдобар интерес”

 

Објавено:

На прес-конференцијата за новинарите, пред претстојниот натпревар со Ливерпул, тренерот на Њукасл мораше да одговори на кратко и за прашањата околу контраверзниот играч Александер Исак.

“Клубот мора да го направи она што е во најдобар интерес за Њукасл и ние ќе го направиме тоа во секој случај”, накратко одговори тренерот.

Инаку, најдобриот фудбалер на Њукасл Јунајтед одбива да тренира со клубот, обидувајќи се да исфорсира трансфер токму во Ливерпул. Откако првичната понуда од страна на “црвените” беше експресно одбиена, тие официјално не поднеле друга понуда за напаѓачот, а и тој нема поднесено официјално барање за трансфер.

Драмата околу Исак го одбележа овој трансфер-прозорец, а сагата ќе мора да заврши пред истекот на преодниот рок за помалку од 10 дена. Веќе извесно е дека тој нема да се појави ниту на натпреварот во понеделник против Ливерпул, откако претходно не го одигра ни првиот натпревар за клубот на гостувањето кај Астон Вила.

Сепак, тренерот изјави дека ќе може да смета на новото засилување, Џејкоб Ремзи.

“Тој ќе биде на располагање. Сè уште мора да одработиме уште неколку тренинг сесии, но тој е на добро место и изгледаше навистина импресивно во првите неколку денови. Ремзи е навистина добар техничар, и многу интелигентен играч, па мислам дека ќе додаде многу во тимот”, изјави Хау за новото засилување.

Извор: https://x.com/NUFC

Она што ќе биде најголема предност за Њукасл е електричната атмосфера која ќе ја имаат од навивачите на домашниот терен на Сент Џејмс Парк.

“Првиот домашен натпревар секогаш е електричен. Под светлата, вечерните мечеви се секогаш навистина посебни за нас. Не се сомневам дека ова ќе биде многу страствен меч за домашната публика. Ние мора да го искористиме тоа, но не и да го сфатиме здраво за готово. Ќе мора да се сконцентрираме и да го исполниме нашиот план за игра, но искористувањето на енергијата од публиката ќе биде клучно за нас”, додаде тренерот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено