Ливерпул има нов напаѓач! Англискиот шампион постигна целосен договор со Ајнтрахт Франкфурт за трансферот на францускиот голгетер Уго Екитике, во зделка вредна 69 милиони фунти, со бонуси што може да достигнат до дополнителни 10 милиони.
Според информациите на “The Athletic”, 23-годишниот Екитике наскоро ќе ги заврши лекарските прегледи, по што ќе отпатува во Хонг Конг и ќе им се приклучи на соиграчите од Ливерпул на претсезонската турнеја. Договорот ќе биде на шест години, а играчот веќе одамна ја изразил својата желба да настапува на Енфилд.
Овој потег доаѓа откако Њукасл беше блиску до трансферот во 2022 и понуди 75 милиони евра ова лето, но зделката не се реализираше. Во меѓувреме, “црвените” размислуваа и за Александар Исак од Њукасл (во зделка од 120 милиони фунти), но изборот на крај падна на Екитике.
Liverpool reach agreement with Eintracht Frankfurt to sign Hugo Ekitike. £79m (£69m fixed, £10m bonuses based on success for #LFC & 23yo forward). Below €95m+ #SGE targeted. 6yr contract. Medical then join tour. W/ @SebSB @JamesPearceLFC @TheAthleticFC https://t.co/qNT2KfsFiO
— David Ornstein (@David_Ornstein) July 21, 2025
Ливерпул ова лето веќе ги доведе Флориан Вирц, Јереми Фримпонг и Милош Керкез, а по трагичната смрт на Диого Жота, клубот активно работеше на доведување на нов напаѓач. Се очекуваат и можни заминувања – Дарвин Нуњез е достапен за понуди, а Луис Дијаз го информирал клубот дека сака да замине, со интерес од Баерн и Барселона.
Екитике имаше блескава сезона во Бундеслигата со 22 голови и 12 асистенции, а беше избран и во тимот на сезоната. Тој се приклучи на Ајнтрахт во јануари 2024 од ПСЖ, прво како позајмен играч, па потоа потпиша траен договор за 17.5 милиони евра.
Со пет настапи за младата репрезентација на Франција и академско минато во Ремс, Екитике сега е пред својата најголема сцена досега – Премиер лигата со шампионот Ливерпул.



