Во период кога Ливерпул се наоѓа во длабока криза, со четири порази во низа, а скапите засилувања како Флоријан Вирц сè уште се мачат да се прилагодат, еден човек се издвојува како единствена светла точка. Неговото име е Хуго Екитике, 23-годишниот Французин кој за кратко време стана миленик на навивачите и најдобар играч на тимот.
Иако неговиот трансфер од 79 милиони фунти беше дочекан со доза на скептицизам, Екитике докажа дека е вистински погодок. Тој е најдобар стрелец на тимот со пет погодоци, вклучувајќи го и победничкиот во дербито со Евертон, а неговата енергија, директност и самодоверба се единственото нешто што им дава надеж на фановите во овие тешки моменти.
🎶 Du du du… Hugo Ekitike 🎶 pic.twitter.com/ndDWoEmbBx
— Liverpool FC (@LFC) September 20, 2025
Тајната на успехот: Теретана, брза адаптација и поддршка од Конате
Според “The Athletic”, тајната на брзата адаптација на Екитике лежи во неколку фактори. Прво, тој поминува многу повеќе време во теретана за да се прилагоди на физичките барања на Премиер лигата.
Второ, тој брзо се сместил во мирниот дел на градот, во куќата во која претходно живееше Луис Дијаз, а огромна поддршка добива од својот сонародник и соиграч, Ибрахима Конате. Во слободно време, тој е мирен дечко кој сака да црта, да игра PlayStation и да гледа филмови, а како свој идол од детството го наведува легендарниот Фернандо Торес.
Интересно е што скаутите на Ливерпул во него гледаат сличен потенцијал како оној на Филипе Кутињо, играч кој не успеал во голем клуб (ПСЖ), но потоа експлодирал на “Енфилд”. Според нивните податоци, на негова возраст, само Халанд и Мбапе покажувале поголем потенцијал.
Hugo with the winner 🇫🇷 pic.twitter.com/NZ2rZrwTrX
— Liverpool FC (@LFC) September 23, 2025
Од глупав црвен картон до лидер на тимот
Неговиот почеток не беше совршен. По еден гол против Саутемптон, тој го соблече дресот и доби “глупав” втор жолт картон, за што беше јавно критикуван од менаџерот Арне Слот. Сепак, тој брзо се извини и научи од грешката.
Иако на последните два натпревари беше на клупата за резерви, секогаш кога влегува во игра, тој носи нова енергија. Токму затоа, навивачите со нетрпение го очекуваат неговото враќање во стартниот тим, особено на вечерашниот емотивен дуел против неговиот поранешен клуб, Ајнтрахт Франкфурт, каде што сигурно ќе добие херојски пречек.
На крајот, во морето од проблеми, останува прашањето дали Хуго Екитике е единствениот спас за Ливерпул и светлото на крајот од тунелот?
Around the city ahead of tonight's game 🏙️ pic.twitter.com/wgOsoS0Kg8
— Liverpool FC (@LFC) October 22, 2025



