Ексклузивно за Спортска Станица од Мексико: Боливиска лудница на трибините во Монтереј!

 

Објавено:

Репрезентацијата на Боливија е на чекор до историски пласман на Светското првенство во фудбал, а „Спортска Станица“ ви носи ексклузивни кадри од атмосферата која владееше на полуфиналниот бараж натпревар против Суринам!

Благодарение на нашиот голем пријател и соработник од Мексико, Мигел Замора Замарон (Miguel Zamora Zamarrón), кој беше директно на трибините на велелепниот стадион „ББВА“ во Монтереј, имаме можност од прва рака да ви ја пренесеме страста, боите и емоциите на јужноамериканските навивачи.

Од амбис до мундијалски сон

Самиот натпревар беше вистински трилер. Откако Суринам (тим составен претежно од играчи од холандско потекло) неочекувано поведе во 48. минута преку Лијам Ван Гелдерен, навивачите на Боливија беа во шок. Но, она што се случи во следните минути ќе се раскажува со години!

Селекторот Оскар Вилегас ги погоди измените, а Боливија направи епски пресврт за само седум минути. Во 72. минута, 18-годишниот талент Моисес Паниагва со брилијантен потег со надворешниот дел од копачката израмни на 1:1, а веќе во 79. минута, Мигел Терцерос реализираше пенал за комплетен пресврт и делириум меѓу зелените дресови на трибините!

Ирак е последната пречка

„Ова е тим кој не смета ништо за загубено и кој знаеше како да се извлече од тешка ситуација,“ гордо изјави Вилегас по натпреварот.

Боливија, која нема играно на Светско првенство од далечната 1994 година, сега е на само една победа од остварување на сонот. В недела, повторно во Монтереј, тие ќе се соочат со репрезентацијата на Ирак во големото финале. Победникот ќе се најде во „Групата на смртта“ на СП 2026, каде веќе чекаат Франција, Норвешка и Сенегал.

Огромна благодарност до Мигел за фантастичните материјали! ¡Gracias, amigo! Уживајте во ексклузивната галерија и видеото!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено