Фудбалските медиуми денес известуваат дека аргентинскиот голман Емилијано Мартинез ќе го напушти сегашниот клуб Астон Вила.
Неодамна тој беше предложен на Челси, но неговата желба е следната дестинација да му биде Манчестер Јунајтед, пренесува италијанскиот спортски весник “Gazzetta”.
32 годишниот фудбалер беше критикуван дека на клупско ниво има многу послаби резултати од оние со репрезентацијата на Аргентина. Тој на Светското првенство во 2022 година играше клучна улога во освојувањето на титулата.
Токму тој историски триумф за генерацијата на Меси му донесе високи рејтинзи на Мартинез, чии перформанси беа навистина импресивни – на Мундијалот тој имаше неверојатни 67% одбранети удари од пенали.
Интересот на Челси се темели на тоа што го изгубија клучниот голман Едуард Менди во 2023 година, а оној на Јунајтед соодветствува со намерата на Рубен Аморим да го замени Андре Онана, чија неконзистентна форма беше тема на дебати преку целата сезона.



